Американски конгресмен позитивен на Ковид-19 и покрај две дози вакцина на Фајзер

by Fokus

Американски конгресмен од државата Масачусетс, кому веќе му биле аплицирани двете дози на вакцината против Ковид-19 на Фајзер/БиоНТех е позитивен на корона вирусот, јавија американските медиуми.

Кабинетот на конгресменот Стивен Линч соопшти дека тој имал негативен тест пред да присуствува на церемонијата на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

За Линч се вели дека бил позитивен на тест за Ковид-19 откако бил во контакт со соработник во Бостон кој бил заразен.

Во соопштението се додава дека Линч не покажува никакви симптоми на Ковид-19. Тој ќе се изолира, нема да присуствува лично во Конгресот следната недела и ќе гласа преку полномошник.

Поврзани новости