Американски државјанин осуден на доживотен затвор во Кина, обвинет е за шпионажа

by Fokus

Во Кина 78-годишен американски државјанин е осуден на доживотен затвор под обвинение за шпионажа.

Џон Шинг-Ван Леунг, жител на Хонг Конг, беше приведен на 15 април 2021 година од страна на контраразузнавачката агенција во југоисточниот град Сужоу.

Судот во Сужоу ја објави пресудата на Леунг во кратка изјава на својата веб-страница. Џон Шинг-Ван Леунг, познат и како Лианг Ченгџун, беше прогласен за виновен за шпионажа и осуден на доживотен затвор и доживотно лишување од неговите политички права“, соопшти локалниот суд во Сужоу, источна Кина.

Толку тешка казна за странски државјанин и со такви обвинувања е релативно ретка во Кина и ризикува дополнително да ги влоши кинеско-американските односи, кои и онака се на ниско ниво, пренесува агенцијата Франс прес.

Одземен е и неговиот личен имот, чија вредност се проценува на 500.000 јуани (66.000 евра). Првостепениот судски процес денеска заврши зад затворени врати, што е вообичаено за вакви судски случаи.

Во соопштението не е наведена професијата или дејноста на овој американски државјанин во Кина.

Поврзани новости