Американската Галфоил му ја одзеде лиценцата на Сан Петролеум Албанија, дали и како Галфоил ќе продолжи да работи во Македонија?

by Fokus

Меѓународната компанија ГалфОил целосно ја префрли вината на албанскиот партнер Сан Петролеум, за шемата со измама со купони, пренесуваат деновиве албанските медиуми. Заменик-претседателот на групацијата, Френк Рутен, изјави дека ГалфОил ја завршиле својата работа со Сан Петролеум, со тоа што во целост им ја одзеле лиценцата, бидејќи таа не била платена.

„Ова е несреќна ситуација. Но, треба да се сфати дека Сан Петролеум е независна компанија со која сме лиценцирани да тргуваме под брендотГалфоил, како што направивме со многу други компании ширум светот “, вели Френк Рутен, потпретседател на групацијата Галфоил.

Инаку, брендотГалфоил пред седум месеци влезе на македонскиот пазар, а компанијата Сан Петролеум Албанија е нејзин ексклузивен застапник за Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија. Фирмата Супертрејд, чија бензинска станица на булевар Борис Трајковски во Скопје, во октомври лани се ребрендираше во Галфоил, всушност работи преку лиценцата на Сан Петролеум Албанија, што стои и на нејзината интернет страница, дека таа е застапник за овие четири држави.

Затоа сега се поставува прашањето, дали и како Галфоил ќе продолжи да работи во Македонија, по одземањето на лиценцата на Сан Петролеум Албанија. Дали компанијата Супертрејд, со оглед на фактот што таа ја имаше подлиценцата преку Сан Петролеум Албанија, ќе продолжи да биде застапник за брендотГалфоил во Македонија?

Неодамна медиумите објавија за измамите со купони што им биле продадени на албанските потрошувачи, без знаење и одобрение од групацијата Галфоил. Сан Петролеум продале значителен број припејд купони, кои сега потрошувачите не можат да ги претворат во гориво.

Обвинителството на Тирана го испитува Сан Петролеум, за намерна измама со продажбата на купони. Тоа објави потрага по албанскиот менаџер, АлбаноАлико, како и по администратор и менаџер за продажба во Тирана од оваа компанија.

Според обвинителството, по продавањето на припејд ваучери на граѓаните, Сан Петролеум ја затвориле својата дејност. Штетата на граѓаните е проценета на 1,5 милиони евра, додека компанијата има и 3,5 милиони евра други обврски кон државата и добавувачите.

ПР текст

Поврзани новости