СО МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ ДО НОВ СТАН

by Fokus

И мај е месец на милионери. Првиот го добивме токму на 1 ден од овој месец, а последниот на 13.05. Во очекување на најновиот сопственик на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на ДРЖАВНА ВИДЕО ЛОТАРИЈА НА РМ,ви откриваме дека новите милионери се од  Скопје, Теарце и Струмица.

Добитните приказни на Државна Видео лотарија на РМ, продолжуваат со несмален интензитет и во месец мај. Првата и најголемата по вредност се случи на први мај, кога во Делта Бет ДООЕЛ Моцарт во Скопје е  освоен МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.710.098,00 денари. Само пет дена по ова добивка се случи нов МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Беше освоен во Спорт Лаиф Треид во Маџари, а неговата вредност е 1.592.121,00 денари. На  09.05 во Бет Ту Мар во Теарце, играч на видеолотариските терминали му се радуваше на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.311.715,00 денари.

Во нашите простории пристигна и четвртиот добитник за месец мај. Николов Александар во друштво на сопругата и пријателите, го подигна МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вредносниот чек со износ од 1.505.133,00 денари. Со  насмевка, таткото на две дечиња, ни ја раскажа својата приказна. Тој е редовен играч на видеолотариските терминали. На 13.05 забавата ја побарал во Делта Бет ДООЕЛ Моцарт во Струмица. Оваа одлука се покажала како среќна. Во неговиот случај, токму 13ката му донесе убава добивка- најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Во моментот кога тоа се случило, се радувал заедно со сите кои биле до него. Радосната вест ја споделил со своето семејство. Александар во друштво на својата сопруга, ни откри дека со парите од МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ ќе си купат нов стан, иако не ја исклучува ни можноста да се подноват со автомобил.

Додека го очекуваме најновиот милионер, само да ве потсетиме, добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 112Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 166.859.602,00денари. Покрај нив, освоени се и 15032 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 112.251.630,00 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

 

Поврзани новости