Американската армија дневно ќе обезбедува 450.000 вакцини против Ковид-19

by Fokus

Пентагон и владината Агенција за управување со вонредни состојби се во завршни преговори околу тоа американската армија дневно да обезбедува 450.000 вакцини против Ковид-19 на национално ниво.

Договорот предвидува 10.000 војници да бидат распоредени во 100 центри за вакцинација во државите на САД, кои треба да работат најмалку до 26 февруари, објави Си-Ен-Ен.

Засега не е потврдено дека Пентагон ќе обезбеди дополнителни вакцини, така што брзината на вакцинирање ќе зависи од количината на дози што ќе ги прими секоја земја.

Поврзани новости