Американската амбасада пред две недели предупредила за можни напади во Москва

by fokus

Американската амбасада во Русија пред точно две недели на 8 март предупреди дека екстремисти планираат напад во Москва во скоро време, што уследи неколку часа откако руските безбедносни служби кажаа дека спречиле пукање во синагога, што требало да го изврши авганистанското крило на Исламска држава.

Амбасадата тогаш им препорача на американските граѓани веднаш да ја напуштат Русија, без да даде детали за типот на заканата, но додаде дека би требало да се избегнуваат концерти и големи групи луѓе.

Истото предупредување го даде и Амбасадата на Велика Британија за нејзините граѓани, повикувајќи се на разузнавачките информации на амбасадата на разузнавачки информации.

„Следиме извештаи дека екстремисти планираат наскоро да нападнат големи собири во Москва, вклучувајќи концерти. Американските граѓани би требало да избегнуваат големи собири во следните 48 часа“, соопшти амбасадата на САД на 8 март.

Освен Велика Британија, и Канада, Јужна Кореја и Летонија потоа им препорачаа на своите граѓани да не патуваат во Русија.

Поврзани новости