Американец обвинет дека убил шестгодишно дете поради расправија

by Fokus

Маж од Јужна Калифорнија обвинет е денеска дека возејќи автомобил убил шестгодишно дете, кое мајката го возела до градинка. Настанот се случил на 21 мај.

Обвинителството од округот Оринџ го обвини Маркус Ентони Ериз за убиство на Ејден Лиос, додека пак неговата девојка, која го возела автомобилот е обвинета како соучесник во убиството и нелегално носење на оружје.

Според информациите на очевидците, автомобилот на Ериз и го пресекол патот на мајката, која реагирала бурно на таквата реакција. Веднаш после тоа, автомобилот се појавил зад нејзиното возило и следело истрел од совозачкото седиште, кој го убил малиот Ејден.

Поврзани новости