На вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, говор одржа и коалициониот партнер, Амди Бајрам. Излагањето на партнерот на ВМРО-ДПМНЕ изобилуваше со говор на омраза, а фунционерите на владејачката партија го проследија со смеење.
-Кој тие шарени бе, кој тие се што упропастија бе? Тие ли ќе ја водат Македонија бе? Наркомани ли ќе ја водат Македонија? Педофили ли?, рече Амди Бајрам за активистите од Шарената револуција.
Тој најави дека на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ ќе донел кафез за да му покаже на Зоран Заев каде му е местото.
-Специјален кафез спремам со еден зајак од три метри висок, ќе го донесам на бина на најголемиот митинг и ќе му покажам кај се наоѓа тој зајко, каде му е место. Таму му е местото, а не да биде премиер на Македонија. Каков премиер, какви бакрачи, заклучи Бајрам.