513
Претседателот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам ги повика ромските гласачи да излезат и да гласаат „ЗА“ на референдумот. Неговиот став е дека Македонија треба да има успешен референдум, пренесува „Макфакс“
„Ромите во Македонија и за време на првиот референдум за самостојност на државата и гласаа во најголем дел. Во Македонија, Ромите ги имаат сите права, тие се во преамбулата и во Уставот и се лојални на државата. Секогаш даваме се што можеме. Верувам и дека кај ВМРО-ДПМНЕ ќе надвладее разумот. Се работи за интеграција во НАТО и ЕУ. Но, кога магарето ќе застане и не сака да шета, мора малку да го боцкаш“, посочи Амди Бајрам.