Амди Бајрам не е задоволен од болничкото лекување на син му, ќе го лечи дома

by fokus

Градоначалникот на Шуто Оризари денеска по два дена од тепачката излезе од болница.

Неговиот татко, Амди Бајрам рече дека не е задоволен од лекувањето во болницата и додаде дека синот ќе го лекуваат во домашни услови, бидејќи според него тој сè уште е во лоша здравствена состојба.

Спротивно на ова, од болницата велат дека Елвис е во стабилна состојба и дека треба да остане уште неколку дена во болница, но дека неговото семејство одлучило тој да излезе денеска.

Поврзани новости