Амди Бајрам: Да ја видам Силјановска ко мене, без толкава партија зад неа, па ќе ја прашам дали ќе собере потписи во еден ден

by fokus

Пратеникот и претседател на Сојуз на ромите, Амди Бајрам, вели дека не брза да ги собере потребните потписи за да се кандидира за претседател. За „Фокус“ тој изјави дека денеска почнале со собирање потписи во Скопје, а од утре и во другите градови низ Македонија.

Очекува без проблеми да ги собере потребните 10.000 потписи бидејќи, како што вели, на фејсбук веќе има 370.000 лајка, а и голема гледаност на неговите телевизиски настапи.

-Очекувам само во Шутка да собереме 5.000 потписи за седум дена. Имам рок од 15 дена, што ако ги соберам порано, што ќе направам со тоа? – изјави Бајрам.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, пак, Гордана Силјановска, ги собра потписите во рок од само неколку часа. Амди Бајрам вели дека е друго кога партијата го организира членството да се потпише.

-Они се организирани партии, си имаат пратеници доволно. Ова што го прават со собирањето потписи е само парада. Да ја видам Силјановска ко мене, да не стои партија зад неа, па ќе ја прашам како ќе биде. Ни илјада потписи нема да собере. Но собраа бидејќи од ВМРО-ДПМНЕ трчаат сите отсабајле да се потпишат, договорени се партиски – додава тој.

Поврзани новости