Започна судењето во кое актерот Џони Деп (58) бара отштета од 100 милиони долари од поранешната сопруга Амбер Херд (35).
Повеќе од седум часа траело рочиштето помеѓу поранешните сопружници Амбер Херд и Џони Деп, кој таа го обвини за сексуална злоупотреба и насилство. Сега поротата заседаваше во Вирџинија поради повеќемилионската тужба за клевета што ја покрена Деп против Херд, тврдејќи дека статијата за семејно насилство од 2018 година, која актерката ја напишала за „Вашингтон пост“, имплицирала дека тој е злоставувач.
Херд исто така го обвини Деп за сексуален напад за време на судењето. Нејзината адвокатка изнела шокантни обвиненија. Таа тврди дека Деп пенетрирал во Херд со шише алкохол во текот на тридневната „заложничка криза“ во Австралија во 2015 година.
Адвокатката Елејн Бредехофт, рекла пред поротата: „Ја потпрел на шанкот. Фрлал шишиња на неа. Ја влечел по подот по скршеното стакло. Ја удрил. Ја клоцнал. Ѝ рекол дека ќе ја убие, дека ја мрази. Ја удирал. А, потоа продрел во неа со шише“.
Деп, кој ја тужи поранешната сопруга за клевета и бара 100 милиони долари, на тие обвинувања одмавнувал со главата и велел „не“. Неговиот портпарол одлучно демантирал сѐ.
Овие фиктивни тврдења не беа изнесени на почетокот на обвинувањата на Амбер во 2016 година, а погодно се појавија години подоцна кога таа беше тужена за клевета бидејќи во својот текст изјавила дека била жртва на сексуално насилство.
Зборовите се клучни во тужбите за клевета и интересно е што ова обвинение дојде дури отпосле. Ова го следи образецот на нејзините разработени, лажни тврдења кои се менуваа и развиваа со текот на времето со цел за шок во холивудски стил којшто Амбер го совладала“, рекол тој.