Во Министерството за надворешни работи утре и задутре ќе се одржи работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија, а, на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, како почесни гости ќе учествуваат неговите колеги од Бугарија Даниел Митов и од Албанија Дитмир Бушати.
Како што соопшти МНР, амбасадорскиот состанок ќе го отвори министерот Попоски, по што ќе се обратат и министрите Митов и Бушати, кои ќе имаат интерактивна дискусија со шефовите на ДКП-та за актуелните надворешни политички прашања во рамките на ЕУ и НАТО, процесот на европската и евро-атланска интеграција на Балканот и за перспективите на регионалната соработка.
На Амбасадорскиот состанок свое обраќање ќе имаат и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељановски, но и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владмир Пешевски.