Амбасадорот на САД во Грција: Договорот од Преспа ги отклучува односите меѓу двете земји

by Фокус

Договорот од Преспа ги отклучува односите меѓу двете држави, вели амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат, за неделното издание на „Катимерини“.

-Бев импресиониран бидејќи во Солун од бизнисмените слушнав дека се согласуваат, па дури и да не им се допаѓа Договорот од Преспа, дека ако се спроведе ќе создаде важни и нови економски можности. Не станува збор само за Скопје, туку и за историскиот однос на Грција со сите земји од Западен Балкан, фактот дека Грција го дели американското мислење дека овие земји треба да можат да го продолжат нивниот пат до членство во НАТО и ЕУ, ако нивните народи го одберат тоа – вели Пајат.

Тој додава дека САД ја преферира Грција како партнер во нивната вклученост во Западен Балкан.

Поврзани новости