Амбасадорот на Чешка: Чекаме насоки од ЕК за да ви дадеме вакцини

by fokus

Амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан денеска рече дека ќе треба да се причекаат насоките од Европската комисија за тоа како и колку вакцини ќе бидат испорачани во нашата држава.

-Чешката Република е целосно вклучена во поддршката и го поддржува обезбеудвањето вакцини за Северна Македониаји и западноевропските држави. Парите се тука, 17 милиони евра се на располагање кои треба да се искористат за набавка на вакцините. Нашата позиција во моментот е да ја изведеме вакцинацијата во Северна Макаедонија преку ковакс системот, што значи дека ќе треба да чекаме Европската комисија да ја даде насоката како и колку вакицни ќе бидат испорачани во вашата држава. Ве уверувам дека ние сме секогаш подготвени да дадеме дополнителни средства за дополнителни вакцини за вас, заинтересирани сме и со нетрпение очекуваме кога ќе почне процесот на вакцинација, но и во Чешка не добиваме толкав број вакцини колку што ни беше ветен. Треба да почекаме уште малку за да видиме јасна слика како сето ова ќе се одвива и во нашата држава и тука, во Северна Македонија, рече Томан, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

Поврзани новости