Претседателот Стево Пендаровски во интервју на Сител најави дека некои од нашите амбасадори веќе се на пат за дома, конкретно амбасадорот Ивица Боцевски од Бразилија, бидејќи таму, како што рече, ќе одиме прво со редукција, за да можеме да засилиме некои други позиции што ни се многу битни во моментот.
– Можете да замислите ние немаме амбасадор во НАТО, а за неколку месеци влегуваме во Алијансата. Немаме амбасадор во Вашингтон, кај најголемиот стратешки партнер на државата од независноста до денес. Немаме во Москва и да не набројувам понатаму. Она што е погубно за мали држави, е што имаме пет соседи, а во четири немаме амбасадор. Само во еден од нашите пет соседи имаме, што е недозволиво. Само во Софија имаме амбасадор, што во најскоро време ќе биде поправено, истакна Пендаровски.