421
Амбасадорот на САД Џес Бејли во изјава за медиумите пред ЕУ инфоцентарот оцени дека одлуката на претседателот да не го додели мандатот е разочарувачка за САД и го повика Иванов уште еднаш да ја разгледа својата одлука.
„Веруваме дека ова не е во согласност со основните демократски принципи и со владеењето на правото, што се основни вредности на северно-атланската организација. Како стратегиски партнри на Македонија, како пријатели, и со целосно почитување на суверенитот на земјата, го повикуваме претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука“, рече Бејли.
Во исто време Бејли ги повика и соседите на Македонија да бидат конструктивни земајќи ја предвид политичката ситуација во Македонија.