Осомничените во „Труст“ денеска на распит во Кривичниот суд

by fokus

Осомничените во случајот „Труст“, Сеад Кочан и Василије Авировиќ денеска во 13 часот треба да се појават на распит во Кривичниот суд, откако Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара да им се одреди притвор.

Во предметот „Труст“ осомничени се три физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Во случајот „Труст“, како што информираше СЈО, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ вреден 1,06 милијарди денари или 17.235.772 евра, доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на мехнизација и за кадровска екипираност.

Поврзани новости