Амбасадорите во земјава кои денеска беа дел од панел дискусијата организирана од Дипломатскиот клуб во Скопје на тема „Креирање и реконцептуализација на мали и средни држави“ сметаат дека време е да се формира нова влада, а не да се оди на нови избори.
Ваутер Пломп, aмбасадор на Холандија во Македонија, кажа дека не гледа голема корист од избори „толку скоро по декемвриските“ и мисли дека тоа главно би ја пролонгирало кризата која и без тоа трае долго.
-Македонија треба да добие влада, што побрзо, тоа подобро, зашто ќе има позитивен ефект врз економијата, кажа Милан Јазбец, амбасадор на Словенија во Македонија.
Според шведскиот амбасадор Матс Стефансон нови избори би биле климакс на екстремна конфронтација, што не би било добро за стабилноста.