400
Откако настана целиот хаос и демонстрантите влегоа во Собранието каде ги тепаа пратениците кои не се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се собраа амбасадорите кои повикаа на дијалог, а не насилство и ја повикаа полицијата да делува заштитнички.
-Ова е време за дијалог, а полицијата треба да дејствува заштитнички. Загрижени сме за ситуацијата и сите треба да се воздржат од потпалувачка реторика, рече амбасадорот на Шведска во Македонија Мат Стафансон, кој изјавата ја даде во има на сите амбасадори на ЕУ во Скопје.