Амбасадата на САД во Тирана ги предупреди своите државјани дека Албанија може да биде цел на групи поврзани со Иран

by irena 07:34
07:34

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Тирана издаде безбедносно предупредување до своите државјани во Албанија во контекст на актуелниот конфликт на Блискиот Исток.

Во соопштението објавено на веб-страницата на Амбасадата, се наведува дека групите поврзани со Иран може да се обидат да ги таргетираат субјектите поврзани со САД или иранските опозициски елементи во Албанија.

„Исто така, цел може да бидат вообичаените места, како што се туристички локации, трговски центри, хотели, клубови и ресторани. Ги повикуваме американските граѓани да бидат внимателни“, се посочува во безбедносното предупредување.

Амбасадата на САД ги советува своите државјани што живеат во Албанија да останат внимателни, да ги следат локалните медиуми за новости и да бидат свесни за својата околина. Дополнително, на државјаните на САД во Албанија им се препорачува да ги чуваат своите мобилни телефони наполнети во случај на вонредна состојба.

Слични вести