527
Брзината со која Уставниот Суд дејствуваше и нетранспарентното разгледување беа без преседан, велат од амбсадата на САД за НОВА ТВ.
„Институциите градат доверба преку транспарентност и придржување кон утврдените процедури. Се чини дека Судот постапува спротивно на своите процедури. Со цел да ги адресираат забелешките од Извештајот на Прибе во врска со изборните нерегуларности и за да се оддржат слободни и фер избори, во согласност со европските стандарди”, како што е предвидено во договорот од Пржино, институциите на Македонија мора да покажат посветеност на тие стандарди, како и сериозност во врска со спречувањето, откривањето и казнувањето на изборните измами“, велат од амбасадата на САД.