1K
Популарниот музички состав Амадеус Бенд ќе ја промовира новата песна ,,Белград” во локал во Скопје. Настанот ќе се одржи утре, со почеток во 12 часот во ресторанот Дион.
Покрај промоцијата на видео записот за новата песна, бендот ќе прикаже и документарна емисија посветена на нивниот тапанар Бојан Златановиќ – Токан, кој пред две години почина од последици на корона вирус. Во петок пак, бендот ќе настапи во дискотека во Кавадарци, а потоа продолжува со гостувања во Србија.
В.К.