Партијата Алтернатива го поддржува министерот за здравство Беким Сали и неговата работа и ги повикува надлежните да го расчистат случајот со приватната клиника „Жан Митрев“ после сторијата на ИРЛ.
-Алтернатива, со сиот свој кадровски и политички капацитет, го подржува својот министер и ги подржува истрагите за откривање на вистината за оваа сторија. На овој начин, подржувајќи го министерот Сали, Алтернатива го повикува Јавното обвинителство да го истражи секој детаљ од случајот и доколку се констатира вина за било кого, тој да одговара пред органите на правдата, велат од партијата.
Од таму додаваат дека неколку повториле дека нивната работа е заснована на транспарентност, одговорност и правда.
-Што се однесува на секторот Здравство, со кој ние управуваме преку министерот Беким Сали, сме подготвени да дадеме отчет за секоја тема што ќе ја поставува јавноста. Ова важи и за сите други институции со кои управува партијата. Во Северна Македонија не смее да име недопирливи. Доколку се констатира вина, бездруго треба да има и одговорност, соопштија од Алтернатива.
Во истражувачката сторија на ИРЛ се виде како без дозвола на пациентот во болницата Жан Митрев е извршена хемофилтрација за лекување од коронавирус, а и дека интерхоспиталните инфекции не биле пријавувани во соодветните институции.