Алтернатива: Во Чаир започна крајот на владеењето на ДУИ – село гори, Артан игра фудбал!

by Fokus

„Помина синоќа уште една скапа приватна забава на ДУИ. Се потврди по кој знае кој пат дека Чаир е на чаирчани, а не на ДУИ, а најмалку на Артан Груби“.

Вака реагираат од партијата Алтернатива на синоќешниот митинг на ДУИ во скопски Чаир и најавуваат дека токму вчера започнал крајот на владеењето на партијата на Али Ахмети.

„Додека Албанците едвај сврзуваат крај со крај, додека цели семејства секојдневно си заминуваат од земјата барајќи чаре во туѓина, ДУИ е фокусиран исклучиво на задушување на внатрепартискиот револт. Да ја парафразираме онаа народната: Село гори, Артан игра фудбал и кошарка во државни кабинети и собира партиски активисти во спортски сали. Очигледно нечиј страв се прикрива со бесцелни собири на збунети партиски активисти. И за таа цел не се штедат ресурси. Се злоупотребува секој атом од извршната власт. Ваквата оттуѓеност на ДУИ од сопствениот народ е најсилната мотивација Албанците на следните избори да го казнат овој расипнички модел на владеење кој ги држи во заложништво. АлтернАтивА е подготвена да биде олеснувач во процесот на окрупнување и обединување на општествените сили кои се подготвени конечно да се пресметаат со династијата на ДУИ. Како тргнале ДУИ да ги потценуваат Албанците, уверени сме дека наместо ‘Тој доаѓа’, слоганот ќе биде ‘Тој заминува’“, соопштија од партијата предводена од Африм Гаши.

Поврзани новости