Алтернатива: ДУИ застана зад Груевски

by fokus

Вчера јавноста имаше прилика да види уште една панична медиумска реакција на раководството на ДУИ. ДУИ свесно или несвесно и јавно застана зад поранешниот премиер Никола Груевски во чија Влада служеа осум години, реагира опозициската албанска партија Алтернатива, по вчерашното соопштение на ДУИ сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има многу помал рејтинг од претходниот лидер.

-Клучната дилема е, што зорт има раководството на ДУИ чим почна јавно да се додворува на поранешни политичари кои се на црната листа на САД? Дали спасот го очекуваат од Будимпешта? Точно ли е дека ракодството на ДУИ е во редовна комуникација со Никола Груевски? Инаку, АлтернАтивА сака да им порача на ДУИ да излезат од филмот дека имаат монопол врз Албанскиот електорат. Залуден им е стравот дека евентуална широка коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги однесе во опозиција. Мнозинството гласачи Албанци на следните избори кога и да се случат ќе ги испратат во опозиција заради криминалот, корупцијата и целосното одлепување од реалноста, се вели во реакцијата на Алтернатива.

Поврзани новости