Алсат М: Владата претпочита раздвојување на УБК од МВР

by fokus

Три можни модели за понатамошно функционирање на безбедносниот и разузнавачкиот систем во земјата се наоѓаат на маса на релевантните институции за разгледување, неофицијално дознава Алсат М. 

Како што објави телевизијата, првата опција е да се продолжи со тековниот модел со кој Управата за безбедност и контраразузнавање останува во рамки на Министерството за внатрешни работи. Вториот модел предвидува разделба на УБК од МВР и нејзино функционирање како посебно и независно тело. Третиот модел кој се разгледува е спојување на УБК со Агенцијата за разузнавање, односно формирање на специјален орган.

Алсат неофицијално дознава дека власта го фаворизира вториот модел. Со него, тајната полиција ќе се претвори во разузнавачка и контраразузнавачка служба, ќе има превентивна а не репресивна функција со јасна поделба на овластувањата, автономија во истраги и целосна деполитизација.

Поврзани новости