Приведен градоначалникот на Демир Хисар

by fokus

Марјанче Стојановски, градоначалникот на Општина Демир Хисар, вечерва е приведен на информативен разговор во полиција. Непосредно пред приведувањето беше објавена снимка на која се слуша како на вработените во детската градинка во Демир Хисар им кажува да не забораваат дека доаѓа од МВР и дека ги слуша нивните разговори.

„Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања“, им вели тој на вработените во училиштето, кои велат дека со денови им врши притисок и добиваат закани од општината за нивни разместувања или отпуштања од работе, во пресрет на референдумот на 30-ти септември.

Поврзани новости