Алсат М: Анѓушев со фломастер фрли кон новинарите

by fokus

Вицепремиерот за економија, Кочо Анѓушев, денеска повтроно предизвика инцидент со новинарите, објави Алсат М.

Анѓушев се обиде сликовито да ги претстави проблемите и пропустите во изградбата на автопатот Кичево –Охрид. На табла, со фломастер црташе и ги означуваше местата на трасата каде е потребна санација. По завршувањето на презенатацијата, ноншалантно го фрли фломастерот кон новинарите и рече дека вака се работи транспарентно, со прикажување на сите детали. Потоа, видно вознемирен почна со висок тон да се обрќа кон новинарите:

„Јас сум градел електрани, јас сум градел фабрики, знам како да го решам и овој проблем ама знам како да работам транспарентно. Претеравте, претеравте, последната емисија на 360 степени не беше коректна“, реагираше Анѓушев.

Поврзани новости