Кацарска до Шилегов: Кога сте во Собрание викате, а во Суд не можеме да ве слушнеме

by fokus

Градоначалникот на Скопје, а поранешен пратеник Петре Шилегов, е вториот сведок, по пратеникот Мухамед Зекири, кој влезе во судница да сведочи за 27 април.

Откако одговори на првото прашање на обвинителката Вилма Рускоска, судијката Добрила Кацарска му се обрати да зборува погласно за да може да го слушна записничарот и другите присутни, пренесе порталот ПлусИнфо.

– Кога сте во Собрание викате сите толку гласно, а кога сте во суд не ве слушаме – му рече Кацарска.

– Мене ми е страв да не ги уплашам присутните во салата инаку не ми е проблем. Сум викал и ќе викам – рече Шилегов.

Поврзани новости