Алонсо останува во Челси до 2023 година

by fokus

Шпанскиот фудбалер Маркос Алонсо го продолжи договорот со Челзи до 2023 година, објави лондонскиот клуб.

Алонсо, кој дејствува по левата страна, од доаѓањето од Фиорентина во 2016 година, стана еден од клучните играчи на „сините“ и заслужи да добие поповолен финансиски договор.

– Среќен сум што подолг период останувам во Челзи, еден од најдобрите клубови во светот. Имав две одлични сезони и се надевам дека ќе бидам уште подобра во иднина, изјави Алонсо.

Во Премиер лигата, тој досега постигна 14 гола со седум асистенции на 64 натпревари. За време на неговата кариера играше за Сандерленд, Болтон и Реал Мадрид.

Поврзани новости