Карлос Алкараз го освои Индијан Велс откако во финалето го победи Русинот Данил Медведев со 7:6(5), 6:1.
Со овој резултат вториот тенисер во светот ја одбрани минатогодишната титула, исто така освоена против Медведев, денес четвртиот тенисер во светот.
Ова е негов прв освоен турнир по Вимблдон минатата година.
Сега двократниот победник на Индијан Велс, престижен турнир од серијата Мастерс 1000, кој многумина го нарекуваат Петти Грен слем, со овој триумф поведе против Медведев со 4:2. Исто така, тој стана првиот тенисер по Борис Бекер кој двапати по ред го освоил овој турнир пред својот 21 роденден. Бекер го направи тоа во 1987 и 1988 година.
Ова е петта победа на Алкараз во серијата Мастерс 1000. Вкупно се појави на 21 турнир од тоа ниво, што значи дека на нив има 23,8 отсто успешност.
Само Новак Ѓоковиќ (31,3 отсто) и Рафаел Надал (28,1 отсто) имаат поголем процент на Мастерсот од 1990 година.
Ова беше 13-ти освоен турнир на Алкараз во кариерата.