Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека има институции, за жал, во кои бројот на членови на Управни одбори е поголем од бројот на вработени и затоа сега се прави процес на скенирање.
-Тој процес е долгорочен. Се анализира веќе една и пол година. За неколку институции сме при крај, за некои, пак, сме во почетна фаза. Според таа функционална анализа, потоа се креира профил за секоја институција и на ниво на таа вертикала се креираат и број на работни места, што тие ќе работат, итн. Во тој дел, дефинитивно, спаѓа и реорганизација на човечки ресурси. Некои од мерките, можеби, ќе бидат непопуларни. Ќе видиме без кои од институциите ќе можеме навистина да функционираме, кои од институвиите ќе мора да се спојат со друга, рече Алиу.