Доколку СДСМ има некаков сомнеж дека не може да ја заврши таа работа, ДУИ ќе ја преврземе одговорноста за формирање на нова Влада, изјави претседателот на централната комисија на ДУИ, Рафис Алити за ТВ21. Тој ги повика од СДСМ да го водат процесот, поради тоа што оваа партија има околу 70 отсто од граѓаните.
-СДСМ е таа која ги побара потписите на албанските партии и сега таа е таа кој што треба да го води процесот. Доколку тие имаат сомнежи дека не можат да го направат тоа, нека го дадат мандатот на друга политички партија, во овој случај на албанска политички партија и секако дека тогаш ние би го воделе тој процес. Јас од СДСМ очекувам дека ќе се однесува достојно поради тоа што, со тоа што има 67 потписи, тоа значи дека зад СДСМ стојат 70 отсто од граѓаните, и никој нема право да игра со волјата на граѓаните во овој случај- изјави Алити.