Расте бројот на жртви по терористичкиот напад во Лондон

by fokus 20:53
20:53

Најмалку четворица загинаа, а над 20 се повредени во вооружениот напад во срцето на Лондон. Бројот на жртви се очекува и натаму да расте бидејќи како што информираа од болницата „Сент Томас”, голем дел биле со „катастрофални повреди”.

Нападот британските власти го третираат како „терористички акт”, но досега ниту една терористичка организација не презела одговорност.

- Advertisements -

Инаку, инцидендот се случи денеска пред парламентот во Лондон, кога маж со автомобил прпегазил пешаци пред себе, па влетал во мостот. Потоа со нож в рака тргнал кон барикадите пред парламентот и нападнал полицаец. Пред да стигне да се нафрлил и на вториот полицаец, па е убиен е од страна на полицијата.

Веднаш по нападот, британскиот парламент беше затворен и е прогласен втор највисок степен на предупредување од тероризам.

Поврзани новости