Адвокатот Асмир Алиспаиќ по донесувањето на пресудата, во која Бобан Илиќ, кој го прегази малиот Алмир беше осуден на шестгодишна затворска казна, а таткото на детето на шест месеци затвор смета дека ова е уште еден монтиран случај.
„Иако е предвидена казна од четири до 20 години, казната од шест години затвор е засрамувачка. Судот воопшто не ги зема во предвид олеснителните околности како губиток на дете. Туку се дрзна да ги осуди таткото, чичкото и братучедот на семејството. Јас како правник ќе се борам да докажам дека е ова монтиран случај. Самото обвинителство го водеше процесот за ваков резултат да се добие. Ние верувавме дека судот ќе изрече многу повисока казна предвидена согласно Кривичниот законик – истакна адвокатот Алиспаиќ.
Тој направи споредба дека за криумчарење на мигранти се изрекуваат над десет години, а не за губење на дете.
М.В.