Алиса Фини во Скопје: „Сакам книги“ повторно носат Њујорк тајмс најпродаван автор на Саем на книга

by Fokus

По големиот успех на минатогодишниот Саем на книгата со еден од најчитаните автори кај нас, Крис Картер, оваа година Сакам книги најавуваат уште еден саемски спектакл за сите книгољупци. Како што велат од издавачката куќа „Сакам книги“, Алис Фини, амбициозната авторка на напнати и непредвидливи трилери, со саксонска доза на мистерија и заплет, ве поканува на уште едно несекојдневно искуство.

Алиса Фини е авторка на добропознатите „Понекогаш лажам”, „Тој и Таа” и „Камен лист ножички“, преведени на македонски, а има и уште неколку други дела. Нејзините романи се преведени на над дваесет и пет јазици, а дел од нив имаат ѝ екрански адаптации.

Оваа визионерка, која поранешно работела како новинарка на Би-Би-Си, ќе се сретне со македонските читатели на 19 април, со почеток од 16 часот, во салата „Борис Трајковски“ во рамките на Саемот на книгата. Таму ќе потпишува примероци од своите книги и ќе го промовира својот нов роман „Добра и лоша”, во издание на издавачката куќа Сакам книги.

Алиса Фини е позната по својата вештина да пишува катаклизмични трилери со сложени заплети,мрачни ликови и завршетоци кои ќе ве шокираат до срж. Од нејзиниот деби трилер „Понекогаш лажам”, до последниот роман „Добра и лоша“, Фини знае како да ги носи своите читатели на диви возења од почеток до крај.

„Книгите можат да нѐ однесат каде било ако им дозволиме. Можат ѝ да нѐ ослободат. Таа слобода е нешто кон кое сите ние се стремиме, особено откога ќе ја изгубиме“, изјавува Алиса Фини и оваа вистина е длабоко вкопана во нејзината суштина.
Ве покануваме да ни се придружите во оваа неверојатна приказна на Сакам книги, каде ќе имате можност да се сретнете и да разговарате со една од најпопуларните авторки денес.

Од издавачката куќа „Сакам книги“ годинава најавуваат 11 нови наслови од различни жанрови, многу попусти, подароци, промоции и книжевни имиња на 36 издание на Саемот на книга.

Најавуваат и промоција на пет нови романи од македонски автори, дел од едицијата „Наши, а светски“. Тоа се Кирил Ангелов со деби романот, автобиографското дело „Безсловен“, Далибор Трајков со неговиот нов трилер „Тајната на монахот“, Гордана Такец со деби романот по вистинска животна приказна „Капирења“,Лепа Гештаковска Христовска со „Италијанскиот ракопис“ и Ксенија Николова со „Зад маските“.

Сите домашни автори исто така ќе потпишуваат примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на „Сакам книги“ на годинешниот Саем на книга.

Поврзани новости