663
Езџан Алиоски беше единствениот стрелец на денешниот меч против Украина, но за жал се покажа како единствен погодок на денешниот меч.
Алиоски смета дека нашата репрезентација заслужено е на ова Европско првенство и сега мислите се насочени кон мечот со Холандија.
„Првото полувреме требаше да играме поагресивно и да правиме пресинг, тоа беше негативна работа кај нас. После 2-0 е тешко да се вратите на еден меч. Секој натпревар треба да биде со сериозен пристап. Важно беше да земеме бод денеска, и жал ми е … тоа е фудбалот. Имаме квалитет и ќе одиграме похрабро против Холандија“, рече Алиоски.