Аљими: За имунитетот на Вељаноски требаше да се гласа во 23 часот, зошто Богоевски заврши порано?

by fokus

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Аљими, се огласи на фејсбук околу синоќешното гласање на собраникста комисија за имунитетот на Трајко Вељаноски. Тој тврди дека синоќа околу 21 часот тргнал возач да ја земе пратеничката Мирсада Асани – Емини од Чегране да гласа место колегата на кој му се слошило, но се вратил, зашто претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски ја прекинал седницата. Аљими тврди дека било договорено гласањето да биде во 23 часот.

-Зошто предвреме се прекина работата на мандантно-имунитетната комисија синоќа? Синоќа околу 19:00, по дводневната работа во комисијата за судското барање да се одземе имунитетот на пратеникот Вељаноски, на пратеникот Агим Шаќири му се слоши и заврши во Клиничкиот центар во Скопје. Лекар му препиша терапија и му нареди да остане во болница вечерта. Го посетивме и синоќа и утринава. Соочувајќи се со оваа ситуација, околу 21:00 часот кога требаше да продолжи седницата по паузата, ја побаравме заменичката на Агим, пратеничката Мирсада Емини- Асани од Гостивар за да го замени Агим. Испративме возач да ја земе нашата пратеничка и да ја донесе, но околу 21:30 часот, неочекувано и не според договореното, комисијата прекина со работа и ја стави одлуката на гласање без да ја почека нашата пратеничка која ќе пристигнеше околу 22:30 часот, додека рокот истекуваше на полноќ“, напиша утринава Аљими.

 

Поврзани новости