492
Антонијо Милошоски да собере храброст и надвор од парламентот да ги изнесе обвинувањата дека функционери на ДУИ направиле кривични дела, реагираше Ејуп Алими од ДУИ, на изјавата на Милошоски дека ДУИ барале пари за вработување во државна администрација и дека стекнале имот што го кријат од институциите.
-Ако Милошоски има храброст, нека излезе надвор од собрание и таму нека го каже ова што го зборува за функционери на ДУИ. Но, плашливецот Милошоски нема го прави тоа, знаејќи дека може да се покрене постапка за клевета – рече тој.
Алими додаде дека ДУИ се залага за истрага на сите функционери и за конфискација на нелегално стекнатиот имот.
-Можеби тогаш ќе жалите за приватниот авион со кој летавте низ Македонија, што сте го обезбедиле со парите на граѓаните – нагласи пратеникот на ДУИ.