Милошоски: ДУИ бараше по 5.000 за вработување по Рамковен, а Меџити изградил куќа во Бутел

by Фокус

ДУИ им бараше по 4-5.000 евра на Албанци за вработување според Рамковен договор, обвини предмалку во парламентот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ за време на дебатата за Законот за јазици.

-Зошто даночните обврзници Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци кои работат и плаќаат даноци, да плаќаат за некој кој не може да им даде услуги како државен службеник – рече Милошоски, според кого Законот за јазици служи да потикнува национални и политички поделби.

Воедно, тој праша зошто градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, не ја пријавил во Антикорупциската комисија големата куќа во Бутел, каде што, според него, тој живее?

Поврзани новости