Алијансата за Албанците му достави на СДСМ предлог-закон за албанскиот јазик

by fokus 19:08
19:08

Работни групи на СДСМ и Алијансата за Албанците попладнево се сретнаа во хотелот Александар Палас во Скопје, каде ќе ги разгледуваат материјалите за нацрт-законот за употреба на албанскиот јазик.

Од Алијансата за Албанците изјавија дека на средбата ќе го претстават нивниот предлог-закон кој го подготвиле во соработка со правни експерти.

Претставници на СДСМ се Радмила Шеќеринска, Рената Дескоска и Оливер Спасовски, а од  ДР-ДПА се Арбен Таравари, Агон Ферати и Елми Азири.

Инаку, генералниот секретар на Алијансата на Албанците ,Арбен Таравари вчеравечер изјави дека решение ќе биде најдено многу скоро и дека нивните тројца пратеници се спремни да му ги дадат потписите на Зоран Заев за да добие мандат за состав на нова влада.

Поврзани новости