Извештаите од типот „Ни ја зедоа државата”, „Ќе ја делат Македонија”, „Не го даваме знамето”, „Дојде времето за одмазда”, не се дериват на заедничката платформа на албанските политички партии, туку се манипулативна фраза на една корумпирана и мафијашка власт, која има за цел понатамошно осиромашување на граѓаните и целосна економска експлоатација, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.
Партијата на Зијадин Села изразува длабока разочараност поради несоодветното известување и поттикнување на омраза на провладините медиуми, поврзани со процесот на преговори и доставувањето на барањата за базични промени.
„Апелираме до сите медиуми, тие на албански и на македонски јазик, за бојкот на експонати „граѓани” и „аналитичари”, кои се познати на јавноста како ксенофоби, албанофоби, расисти и поттикнувачи на меѓуетничка омраза, со цел оневозможување да придонесат во ескалација на ситуацијата. За волја на вистината, „Алијансата за Албанците”, упатува посебен апел до сите „политички, владини и медиумски” платеници да ја прочитате внимателно „Заедничката платформа на Албанците” и да бидат убедени дека сите вметнати услови од страна на албанските партии се дериват на: Конвенциите за основни права, извештајот на Прибе, Венецијанската комисија и извештајот на Европската унија за напредок на земјата“, се вели во реакцијата.
Според Алијансата за Албанците, немаме друга алтернатива освен да ги исполниме бараните стандарди од страна на гореспоменатите институции.
„На декемвриските избори од 2016 година, беше јасно дефинирано дека суверените граѓани се определија за еднаквост меѓу заедниците, поставување на демократски вредности, социо-политичка декриминализација и ориентација кон евро-атлантските интеграции“, се вели во партиското соопштение.