ФСП: Врхушката на ДПМНЕ преку малтретирање на членството сака да се спаси

by fokus 14:50
14:50

Форумот на слободоумни патриоти најостро го осудува обидот на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, преку малтретирање на членството да се спаси од злоделата кои ги има направено и додаваат дека организираното потпишување на членовите, најчесто административци, за присуство на протест е груб обид на притисок и мора да престане.

-Го повикуваме лажниот патриот Груевски место што плаче и глуми жртва по провладините медиуми, да си поднесе веднаш оставка и да ја ослободи партијата која ја има узурпирано со една мала неморална криминална банда. Оставката на Груевски и криминалното раководство кое го предводи ќе значи одлободување и демократизирање на партијата, а со тоа ќе се отвори пат кон победа на следните избори. За крај, го повикуваме чесното членство да не подлегнува на притисоци и лагите кои ги сее врхушката и нејзините пајташи. На Македонија во овој момент не и треба дестабилизација и црни сценарија, се вели во реакцијата на Форумот на слободоумни патриоти.

Поврзани новости