342
Сурија Рушити, пратеник од Алијансата за Албанците, на денешната седница побара да се одложи точката за избор на нови членови на владата, бидејќи, како што рече, вообичаено се оставале 10 дена да се разгледаат предлозите.
Истовремено, Рушити побара и Законот за јазиците да биде прва точка на дневен ред, но спикерот Талат Џафери му укажа дека не може да бара две работи, туку мора да се одлучи за една која ќе ја стави на гласање.
Така, пратеникот од партијата на Зијадин Села го одбра второто, меѓутоа мнозинство од пратениците гласаше „против“ ваквото барање, па моментано се расправа за првата точка.