Алијансата на Албанците денеска до Државната изборна комисија (ДИК) поднесе 13 приговори за гласањето за градоначалник во вториот круг од локалните избори во Струга.
Кандидатот за градоначалник на Алијансата на Албанците за Струга и лидер на партијата Зијадин Села во изјава за медиумите по завршувањето на гласањето рече дека не ги признава резултатите од гласањето и најави дека неговата партија ќе поднесе приговори за нерегуларности до Државната изборна комисија.
Рокот за поднесување приговори за постапката за гласање истече во 19 часот, додека рокот за поднесување на приговори за постапката на сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори истекува во 2 часот по полноќ.
ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по нив.