456
Опозициската Алијанса за Албанците започна кампања под наслов „Каде се книгите“?
-Училиштата влегуваат во 40-тиот ден без книги, а наставниците и учениците од 1 септември секој ден одат на училиште. Училниците се полни, но торбите се празни. Министерството за образование и наука се уште нема готови книги, иако вети дека овој проблем ќе се реши во првата недела од почетокот на учебната 2022/2023 година. Ова може да се нарече еден од најголемите скандали што се случиле кај нас, бидејќи нашите деца трпат за нечија неспособност“, велат од АА.
За таа цел, АА информира дека ја започнува кампањата: „Каде се книгите?!“ и ги повикува сите засегнати страни да се приклучат.