Партијата Алијанса за позитивна Македонија нема да учествува на предвремените парламентарни избори на 5 јуни, информираа преку соопштение од партијата.
Главниот одбор на вонпарламентарната партија смета дека договорот на четирите политички партии од јуни и јули 2015 година, на кои гаранти беа и претставниците на меѓународната заедница (ЕУ и САД), не се исполни или исполнува во целост, а особено во најосетливите и најзначајните делови за одржување на фер, демократски, кредибилни избори што на идниот парламент и влада треба им дадат полн легитимитет од страна на граѓаните за да ја водат државата.
– Поради тоа, нема да учествуваме на изборите што се предвидуваат да се распишат за 5 јуни 2016. Под овие услови и околности и доколку меѓународната заедница како гаранти на Пржинскиот договор не гарантира дека се создадени условите за фер и демократски избори, како предуслов да Република Македоника добие препорака за започнување на преговорите за членство во ЕУ – се наведува во соопштението.