Top Channel никогаш не се извини јавно на поранешниот заменик министер
за Здравство, г. Асим Муса. Намерно или ненамерно, се чини дека премиерот погрешно го разбрал овој факт, велат од Алијанса за Албанците.
„Истата емисија која го објави видеото каде овој заменик министер
на ДУИ прима поткуп го покани самиот поранешен заменик министер и во
ниту еден момент не се извини. Напротив, наместо да се извини за
направеното, тој самиот си го потврдува своето кривично дело.
Го потсетуваме премиерот дека наместо да го оправда и јавно да шири
дезинформации, треба да бара кривична одговорност од Асим Муса.
Според Кривичниот законик на Република Северна Македонија, како
давањето и примањето поткуп е кривично дело, а во некои случаи е
предвидено и затвор.
Алијанса за Албанците бара случајот на заменик министерот Асим Муса да
добие правни димензии, а не оправдување.
Ние како Алијанса за Албанците сметаме дека во случајот на заменик
министерот има клучен елемент за делото „Примање Поткуп“, како што е
барање или прифаќање на каква било награда или подарок за службената
работа што треба да се изврши во рамки на службената должност.
Премиерот Заев мора да ги земе во предвид сите овие работи пред да
шири лажни вести, и да ги оправда криминалните дејствија на своите
именувани функционери.
Потсетуваме дека, оправдувањето и прикривањето на кривично дело ве
прави виновни исто колку и сторителот!“, додаваат од партијата.