Алијансата за Албанците изразува загриженост во врска со последните случувања во Исламската верска заедница.
„ИВЗ е институција со огромна духовна вредност за илјадници муслимански верници и како таква треба да биде автономна. За жал, политиката продолжува да ги пика рацете во оваа институција и да има влијание врз оваа Заедница. Поглаварот на ИВЗ со своја уста потврди дека подолго време бил инструментализиран од политиката и како таков не заслужува да ја врши и понатаму неговата должност. Од друга страна, судската одлука помеѓу двата изборни циклуса, отвора сомнежи дека повторно целта е инструментализацијата на оваа институција за политички цели“, соопштија од Алијансата на Зијадин Села.
Од таму додаваат дека ќе инсистира случајот да се разјасни и јавноста правилно да се информира.
„Ве потсетуваме дека Исламската верска заедница е институција која му припаѓа на народот и не е алатка на партиите за политички цели. Многу се надеваме дека оваа институција ќе смогне сили да ги направи неопходните промени, без да стане инструмент на темна стратегија на било која политичка партија која се обидува да го “командува и Бога”!, соопштија од Алијанса за Албанците.